Golden Sponsor

Sponsors

Partners




News


03.10.2017

Измени во натпреварите по англиски јаик за учениците од основните училишта

Почитувани колеги,


ЕЛТАМ воведе измени во натпреварите по англиски јаик за учениците од основните училишта. Истите се наведени подолу и ве молиме препрочитајте ги внимателно. Рокот за прјавување на учениците е од 15 ноември до 15 декември. Линк за пријавување ќе биде испратен дополнително до училиштата.
Измените се следниве:

  • Право на учество на натпреварите по англиски јазик имаат учениците од V, VI, VII, VIII и IX одделение. 
  • Секое училиште кое има до 700 ученици ( централно + подрачнo училиште) има право да испрати на натпреварот по 1 (еден) ученик од генерација. Тоа значи дека овие училишта може да испратат (1) еден ученик од V одделение, (1) еден ученик од VI одделение, (1) еден ученик од VII одделение, (1) еден ученик од VIII одделение и (1) еден ученик од IX одделение 
  • Секое училиште кое има над 700 ученици ( централно + подрачнo училиште) има право да испрати на натпреварот по 2 (двајца) ученици од генерација. Тоа значи дека овие училишта може да пратат 2 (двајца) ученици од V одделение, 2 (двајца) ученици од VI одделение, 2 (двајца) ученици од VII одделение, 2 (двајца) ученици од VIII одделение и 2 (двајца) ученици од IX одделение 
  • Доколку училиштето има повеќе наставни јазици (македонски, албански, турски) има право да испрати на натпревар по еден ученик од генерација од секој наставен јазик без оглед на вкупниот број на ученици во училиштето. (на пр. Ако во училиштето има наставен македонски и албански јазик, тогаш училиштето испраќа од секој наставен јазик по еден ученик од генерација, односно од V одделение испраќа (1) еден ученик од македонски наставен јазик и (1) еден ученик од албански јазик - вкупно 2 (двајца ученици од V одделение. Истото важи и за останатите генерации. ) Доколку од еден од наставните јазици не се пријави ученик, училиштето нема право да прати двајца ученици од другиот наставен јазик.
  • Секој ментор задолжително мора да присуствува на натпреварот. Ученикот нема да биде примен на натпревар без придружба од наставник-ментор. Доколку од оправдани причини менторот не може да присуствува на натпреварот, треба да испрати колега/колешка по англиски јазик да го замени.
  • Пријавувањето на учениците за натпреварите од логистички причини е поместено за во првото полугодие и ќе се спроведе од 15.11.2-17 до 15.12.2017 година. Затоа наставниците по англиски јазик треба да спроведат училишен натпревар и да селектираат ученик/ученици и да ги пријават истите во горенаведениот период. Линк за пријавување ќе биде испратен дополнително до училиштата.

 

Правилникот во целост можете да го разгледате на следниов линк

 

Со почит,

 Мирослава Павлова-Аневска

Национален координатор за натпреварите за основни училишта

back to news